Пад на индустриското производство во август

Bez autora
Oct 16 2012

Прометот во индустријата во август е намален за 21,1% во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика. На домашниот пазар прометот во индустријата бележи опаѓање од 29,5%, на странските пазари за 14,9%. Гледано по сектори, опаѓање на прометот во индустријата има во секторот Преработувачка индустрија за 23,5%, а зголемување од 32,4% во секторот Рударство и вадење камен. Според главните индустриски групи, опаѓање има кај Енергија за 99,1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,6% и кај Трајни производи за широка потрошувачка за 23,6%. Пораст бележи прометот на индустријата кај Капитални производи за 6,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4%.

Пад на индустриското производство во августПрометот во индустријата во август е намален за 21,1% во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.

На домашниот пазар прометот во индустријата бележи опаѓање од 29,5%, на странските пазари за 14,9%.

Гледано по сектори, опаѓање на прометот во индустријата има во секторот Преработувачка индустрија за 23,5%, а зголемување од 32,4% во секторот Рударство и вадење камен.

Според главните индустриски групи, опаѓање има кај Енергија за 99,1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,6% и кај Трајни производи за широка потрошувачка за 23,6%. Пораст бележи прометот на индустријата кај Капитални производи за 6,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4%.

Во однос на јули годинава прометот во индустријата е намален за 6,3%, додека во периодот јануари-август има намалување за 11,1% во споредба со истиот период минатата година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik